Кузмановски асистираше и победи, Талески погодуваше и загуби

Филип Кузмановски и Магдебург продолжуваат со победничката серија од стартот на Бундес-лигата, стигнувајќи до нов убедлив триумф над домашен терен. Магдебург вечерва го пречека новиот прволигаш Нордхорн, декласирајќи го со убедливи 39-27.

Целата задача домашниот тим ја заврши уште во првото полувреме, поведувајќи со 20-13, по што во вториот дел Кузмановски и соиграчите уште повеќе ја зголемија предноста. Македонскиот репрезентативец не постигна ниту еден погодок (0/2), но имаше три асистенции за својот тим.

Филип Талески со Балинген претрпе убедлив пораз на гостувањето против Хановер (31-23). Поранешниот ракометар на Металург и на Рајн-Некар Левен постигна два гола од четири обиди.

Се вчитува...