ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Филип Кузмановски ја имаше улогата на херој со голот за израмнување во последната секунда против Австрија, но македонскиот капитен не го крие разочарувањето за нереализираниот пенал на две минути до крајот, кога можеше да донесе предност на нашата селекција, но не успеа да го најде патот до мрежата.
Кузмановски го заврши мечот со четири гола, најмалку за него на еден натпревар од ова СП, а битолчанецот жали што Македонија не го круниса овој квалитетен меч со победа.
„На крајот можеме и да жалиме. Мислам дека денеска бевме поквалитетни од Австрија. Нема да споменуваме дека им недостасуваат играчи, гледаме само за нас. Денеска ние бевме спремни, но имавме проблем со нивниот напад „7 на 6“. Играат сигурно и трпеливо со последна шанса. Не е дека не бевме подготвени, но добро го играат тоа и ги решаваат ситуациите. Претходно имав пенал, можеби за победа, но сега треба да сме среќни што последниот шут заврши во голот. Покажавме уште една борбена игра, како треба да изгледа Македонија и како треба да изгледаме“, изјави Кузмановски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА