Кузмановски: Да се навратиме на убавите моменти, кога сите веруваа дека можеме да направиме нешто

Македонија значително подмладена ќе го одигра претстојниот квалификациски двомеч против Португалија, а Филип Кузмановски ќе ја преземе целосно улогата на лидер во бековската линија.

Ракометарот на Вецлар се чувствува мотивиран во пресрет на новиот предизвик, но и не крие дека очекува значајна поддршка од трибините за да се стигне до позитивен резултат.

„Точно е дека заедно со Митревски сме од поискусните, но тука има играчи кои се со нас долго време, добро се познаваме. Сите знаеме која е нашата цел со Португалија, играме на домашен терен, имаме само четири дена да се подготвиме. Не треба да зборува за Португалците, имаат многу добар тим, како во напад, така во напад, многу време се заедно, многу добро се познаваат зад нив имаат добар настап на Светското првенство, со сите селекции беа егал до последните минути. Сигурен сум дека во Скопје ќе дојдат мотивирани, знаат што ги очекува. Нам ни е потребна максимална поддршка од трибините. Имаме два натпревари со нив, да дадеме се од себе, се е можно. Кажавме дека со Португалија ќе се бориме за првото место во групата. Играме со против големи селекции, со играчи кои играат во Топ-лигите во Европа, како во Бундес-лигата, така и во Лигата на шампиони, сите се носители“, изјави Кузмановски.

Тој смета дека јавноста треба да има верба во оваа репрезентација, која работи напорно на секој собир и е оптимист дека резултатите ќе дојдат.

„Да се навратам на убавите моменти против Чешка, игравме пред полна сала, сите веруваа дека можеме да направиме нешто. Ние на овој начин растеме како тим. Секој од нас сака да ја израдува нацијата, ќе пружиме максимум како во нападот, така во одбраната.  Сепак ние сме мала нација, мора да се поддржуваме. Одиме во нагорна линија, имаме цели до кои мора да се држиме, а успехот сам ќе дојде“, оптимситички е расположен Филип Кузмановски.

Се вчитува...