Филип Кузмановски во извонредна форма го дочека европскиот шампионат откако македонскиот репрезентативец го предводеше Хановер до голема победа во Бундес-лигата, на гостински терен против Рајн-Некар Левен со резултат 25-31.
Хановер имаше контрола над резултатот, Кузмановски и соиграчите на пауза заминаа со водство од еден гол (15-16), за во вториот дел целосно да го скршат отпорот на „лавовите“ и да стигнат до заслужени бодови. Македонскиот ас одигра перфектен натпревар, постигнувајќи пет гола од исто толку обиди, надополнети со четири асистенции.
Оваа 2021 година со триумф ја заокружи и Филип Миркуловски, кој со Вецлар славеше на гостувањето против Либек со 25-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА