Актуелниот шампон на Македонија, Еурофарм Пелистер и репрезентативецот Филип Кузмановски денеска ја потврдија меѓусебната соработка со што популарниот „Фитиљ“ веднаш му се стави на располагање на тренерот Бранислав Ангеловски и ќе биде достапен веќе за следниот натпревар од Лигата на Шампионите во кој во среда битолчани силите ќе си ги одмерат со Пик Сегед.
За Кузмановски тоа воедно значи и враќање на добропознато место па не го криеше задоволството од новиот ангажман.
„Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА