Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа 13.победа во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа Бутел со 28-22. Репрезенативецот Филип Кузмановски беше незадржлив за гостинскиот тим и постигна десет гола на овој меч, a Милан Џукиќ додаде шест.
На полувремето Еурофарм имаше водство од 12-9, а во продолжението и ја надгради предноста заокружувајќи ја со рутински триумф. Во составот на Бутел, Димитар Георгиевски и Томе Стојановски беа стрелци на по четири погодоци.
Струга славеше на гости против Прилеп со 19-29. Дикхаминјиа со 12 гола беше најефикасен на натпреварот и ги предводеше стружани до очекуваната победа. Во составот на Прилеп, Евгениј Темелкоски беше стрелец на шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА