Хановер на нашиот Филип Кузмановски го одигра својот најдобар натпревар во Бундес-лигата сезонава, декласирајќи го на домашен терен фаворитот Рајн-Некар Левен со убедливи 36-30.
Иако во последните пет кола имаа само една победа, Кузмановски и соиграчите одиграа феномален натпревар, земајќи го скалпот на тимот што во пресрет на ова коло беше лидер на табелата во елитното германско ракометно друштво. Хановер по првото полувреме имаше предност од 19-16, за во вториот дел предводен од одличниот голман Лесјак уште повеќе да се одлепи резултатски и да стигне до убедлив триумф над „лавовите“ од Манхајм.
Хрватот Мартиновиќ со 11 гола беше најефикасен во редовите на Хановер, додека Кузмановски го заврши мечот со два гола и еден изнуден пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА