Филип Кузмановски и неговиот Хановер загубија во трилер натпревар од Минден со 28-27 во заостанат натпревар од 24. коло во германската Бундеслига. Иако во поголемиот дел од мечот Хановер го контролираше резултат во последните три минути со серија од 3-0 Минден успеа да стигне до вредни бодови во борбата за опстанок.
Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со еден гол од два упатени удари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА