Кузмановски и Хановер понижени од Миркуловски и Вецлар

Филип Миркуловски и Вецлар славеа со преубедливи 38-16 на денешниот бундеслигашки натпревар против Хановер, во чии редови настапува Филип Кузмановски.

Вецлар тргна доминантно уште од самиот почеток, на одмор замина со убедливи 19-6, а домаќините потоа не покажаа милост, да застанат со налетите, туку ја продолжија доминацијата до последната минута, за конечни „плус 22“ на оваа средба. Миркуловски реализираше два гола од исто толку обиди за победничката екипа, додека Кузмановски се вклопи во сивилото на Хановер не постигнувајќи ниту еден погодок од три обиди кон голот на Вецлар.

Жарко Пешевски и Штутгарт загубија на домашен терен од Хамбург со 26-34, меч што беше решен уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 14-19. Пешевски го заврши мечот со два гола од три обиди.

Се вчитува...