Филип Кузмановски и Магдебург успешно го стартуваа настапот во групната фаза од ЕХФ-Купот, триумфирајќи над Горење Велење со убедливи 32-26. Словенечкиот тим, кој во претходната рунда го елиминираше Металург, немаше сили за изненадување, капитулирајќи по фуриозните завршни петнаесетина минути на Магдебург.
Германците доминираа во првото полувреме, но гостите пред крајот на полувремето намалија на 15-13, a потоа на стартот од вториот дел дури и поведоа со 17-18. Сепак, тоа беше доволно за да се запали „алармот“ во таборот на Магдебург, па домаќините наметнаа темпо што Словенците не можеа да го следат, на крајот триумфирајќи со шест гола разлика.
Филип Кузмановски постигна еден гол од четири обиди, а најефикасен на натпреварот беше Петерсон со девет погодоци. Во вториот дел од оваа група се среќаваат Нант и Адемар Леон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА