Кузмановски: И покрај поразот мислам дека имаше доста добри работи во нашата игра

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од 31-32 на вториот дуел од двомечот со Јапонија што беше одигран попладнево во салата во Куманово. Селекторот Лазаров имаше можност да ги види на дело своите избраници против селекција што игра исклучително брз ракомет, на долги периоди не само што париравме, туку бевме и подобар противник, но ја плативме цената за падот на концентрацијата во завршните минути и го минимално го загубивме овој натпревар.

Капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски по мечот даде свој поглед на натпреварот.

„Ова беше најдобар можен противник за нас во овој момент. Мора да ги анализираме овие два натпревари, но можам да кажам дека ова е правецот по кој мораме да се движиме. Не чека Европското првенство и мораме да бидеме максимално подготвени за настапот таму. Иако загубивме сметам дека имаше многу добри работи и дека треба да поправиме нијанси за да бидеме многу подобри на ЕП“, изјави Кузмановски. 

Се вчитува...