Младинската екипа на Е. Пелистер ja oчекува историски настап на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите што викендов ќе се одржи во Германија.
Битолскиот тим за противник во саботното полуфинале ќе го има дански ГОГ, а младите „пелистерци“ пред тргнувањето на ова патување на последниот тренинг имаа и специјален гостин – капитенот на првиот тим на Е. Пелистер и на македонската репрзентација, Филип Кузмановски.
„Капитенот на шампионот на Македонија, Филип Кузмановски, денес ги посети младинците на Еурофарм Пелистер на последниот тренинг пред заминувањето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. Кузмановски ги охрабри ракометарите и им посака среќа на турнирот на најдобрите.

🏆📍⭐ Експедицијата на Еурофарм Пелистер утре патува за Келн и во терминот од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме. Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген“, објавија „пелистерци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

