Кузмановски: Ќе бидеме скромни и ќе одиме чекор по чекор

Ракометарите на Пелистер вчера ги почнаа подготовките за новата сезона. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ прозиваше тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб.

Kaпитенот на битолчани на стартот на подготовките вели дека се радува што повторно се сите заедно.

„Среќен сум што повторно почнавме со тренинзи. Се чувствува шампионската атмосфера. Искрено бргу мина одморот и пак сме на терен. Се радувам што пак сме тука заедно, а и за новите играчи кои ќе дадат дополнителен квалитет на нашата екипа. Мислам дека градот, клубот и управата заслужи да играме во Лигата на шампионите. Сакам да имаме подобри резултати. На домашен план сакаме да го повториме успехот, мислам дека имаме квалитет. Ќе бидеме скромни и ќе одиме чекор по чекор. Сметам дека новите играчи ќе ни помогнат за кревање на квалитетот, целите се високи и сакаме нашите навивачи да гледаат една шампионска екипа, бидејќи тоа го заслужуваат“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...