ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Македонија има ’два од два’, ја совладавме и Црна Гора со 29-28 и веќе имаме и два бода кои ќе ги пренесеме во втората фаза во Вараждин. Можеби и многу потешко од очекувањата, со многу мака, на крајот Македонија сепак успеа да оствари значаен триумф. По две кола, македонската репрезентација е првопласирана во групата, во пресрет на дуелот со Германците.
На овој меч блесна Филип Кузмановски, кој беше творец на пресвртот во вториот дел.
„Среќни сме поради триумфот. Ова е втора победа за нас, беше тешко, не стартувавме најдобро, но на полувремето успеавме да се консолидираме и да победиме. Мора да кажам дека селекторот Раул Гонзалес одлично не подготви, и на крајот квалитетот беше пресуден. Клававме голој, и победивме“, со битолски шарм на крајот заврши Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА