Капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски пред денешниот натпревар со Романија од 18 часот на Европското првенство 2026 во Хернинг, вели дека едноставно нема друга опција за Македонија освен атак на триумф кој ќе ги остави надежите и за место во главната рунда на шампионатот.
Кузмановски по извонредната негова партија со 15 постигнати гола во ремито (29-29) со Португалија, сега повикува на максимално ново издание затоа што Македонија и македонските навивачи заслужуваат нова радост.
„Романија не смее никако да се потцени, но едноставно мора да ја победиме. А, потоа што сака нека биде околу калкулациите за место во главната фаза на првенството. Ние сме подобри од нив, но сето тоа мора да го покажеме на терен. Во секој случај, заслужуваме да дојдеме до триумф. Треба едноставно и самите себе да се наградиме со добра игра и да дојдеме до победата“ – вели Кузмановски пред дуелот кој стартува од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

