Кузмановски: Млада репрезентација сме, но веруваме во нас…

Филип Кузмановски целосно се опорави од незгодната повреда заработена при последниот квалификациски циклус на репрезентацијата. Одличниот бек не го крие задоволството што повторно го носи дресот на Македонија, настапувајќи на двомечот со Грција на кој нашите ракометари забележаа една победа и едно реми.

„По подолг период пак сме заедно. Двата натпревари за нас беа добра можност да видиме до каде сме и да видиме и да видиме што ни недостасува. Нормално е дека пробувавме некои работи, нормално е дека не покажуваме се. Доаѓа првенство, ќе имаме некои нови акции што ќе ги играме. Имаме многу простор за напредок. Се надевам дека ќе имаме добри подготовки пред ЕП и на физички план. Максимално сме посветени и верувам дека одговориме на предизвикот така како што сите очекуваат од нас. Млада екипа сме, веруваме во нас“, истакна Кузмановски.

Асот на Вецлар не сакаше да влезе во дебата околу судењето, акцентот ставајќи го на нашиот настап на двете средби што се одиграа во Солун.

„Секогаш кога сме во репрезентацијата даваме 100%. Сите ракометари сакаат да се дел од националниот тим, кога сме овде сите погледи се насочени кон нас, тоа е најдобриот излог. Грција воопшто не е наивна селекциа, за нас е голем противник, сакавме да победиме и на првиот меч, не успеавме, но на вториот бевме максимално подготвени, сакавме да ја израдуваме македонската јавност и го сторивме тоа. Не сакам да го коментирам судењето, може истово да ни се случи на ЕП. Важно дека успешно ја завршивме оваа недела“, изјави Кузмановски

Се вчитува...