ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Капитенот Филип Кузмановски смета дека ако Данска е „недопирлива“, тогаш Португалија е селекција со која можеме да играме и да се обидеме да ја победиме.
Според „Фитиљ“, најважно ќе биде да нема осцилации во нашата игра, а приоритет мора да биде одбраната – односно да се натераат Португалците да напаѓаат на наша поставена зона.
„Можеби во грч отворивме со Данците, знаеме дека можеме да играме подобро од тоа. Португалија игра слично на Данска, со таа транзиција, брз центар, добри индивидуалци. Важно ќе биде добро да отвориме, да одиграме во исто нивво 60 минути. Овие дваесетина дена добро се подготвивме, сите знаевме дека Данска е главен фаворит за првото место, но секако дека ни беше јасно дека Португалија и Романија се мечевите на кои треба да победиме. Веруваме дека можеме да играме добро, но не треба да имаме преголем респект за противникот, да веруваме во себе повеќе од досега. Многумина можеби не веруваат дека можеме во вториот круг, но ние искрено веруваме во себе, дека можеме да одиграме квалитетно и да се радуваме на крајот. Клучно ќе биде да одиграме добра одбрана, тие да напаѓаат на наша поставена зона, со што би ги исфрлиле од ритамот што им одговара“, истакна Филип Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

