Кузмановски: Моите соиграчи се најголеми виновници за МВП признанието

Ракометната репрезентација на Македонија со реми против Швајцарија 29-29 го заврши настапот на традиционалниот „Жолт куп“ во Винтертур и со тоа го освои второто место поради послаба гол разлика од денешниот противник.

По мечот беа најкорисниот ракометар на турнирот нашиот капитен Филип Кузмановски даде свое мислење за подготвителниот период.

„Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчите за борбеноста на овој турнир, мислам дека тие се најзаслужни за мојата награда. Нашите цели што ги замисливме пред почетокот на турнирот ги исполнивме. Формата ни расте, а имаме доволно време да се подготвиме за тоа што не очекува на Европското првенство во Данска.

Некои детали ќе треба да се поправат пред стартот на шампионатот. Се обидовме со некои формации во одбраната. Имаме и некои новости како ќе им парираме на противниците, ама клучна треба да ни биде одбраната. Треба да бидеме борбени, да играме еден за друг како што одигравме во второто полувреме со Украина и во дуелот со Швајцарија. Наш адут треба да бидат нападите од полуконтрата. Оваа репрезентација треба да трча, мислам дека сме максимално подготвени и ќе одговориме на предизвикот“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...