Кузмановски МВП на турнирот во Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со реми против Швајцарија 29-29 го заврши настапот на традиционалниот „Жолт куп“ во Винтертур и со тоа го освои второто место поради послаба гол разлика од денешниот противник.

По мечот беа доделени и наградите, а заслужено таа за најкорисен ракометар му припадна на нашиот капитен Филип Кузмановски.

Македонија заминува за Хернинг каде на 16. јануари ќе го отвориме шампионатот со дуелот против Данска. Потоа ни следуваат мечевите со Португалија и Романија.

Се вчитува...