Кузмановски на цела Европа и покажа зошто е „фитиљ“: Слушнете како, уште како дете, го добил прекарот! (ВИДЕО)

Филип Кузмановски го одигра натпреварот на кариерата вчера во ремито (29-29) против Португалија на Европското првенство 2026, соборувајќи го рекордот и на Кире Лазаров по процент на успешност и број на постигнати голови на еден репрезентативен натпревар.

Кузмановски, како што некои милуваат да кажат, и покажа вчера на Европа зошто е „фитиљ“, кога е во прашање ракометната игра. Гостувајќи во подкастот „ПРЕСИНГ“ непосредно пред стартот на Европското првенство, популарниот Фитиљ објасни и од каде е неговиот прекар, кој го носи уште од раното свое детство во Битола.

Како настана тоа „Фитиљ”? Твојата игра е самата по себе, некои ќе речат, брза, експлозивна, бомбастична. Некои ќе речат дали е краток „фитиљот“, па поради тоа е и прекарот…?

„Многу луѓе исто постојано ме прашуваат од каде е прекарот. И самиот не знам од каде точно. Можеби од мојата улица, од најрано детство, па постарите другари така ме викале, зошто сум бил еден од помалите. Секогаш сум имал топка во себе, а тие ми ја земале па многу брзо сум се нервирал поради тоа и сум ги навредувал, па сум бегал – ‘фитиљ’. И оттогаш така ми остана. Навистина не ги знам вистинските луѓе од кои ми е излезен прекарот, но ете ми остана“ – ни открива Кузмановски.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...