Кузмановски: Ова е награда за сите натпревари, покажавме како се игра за Македонија

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Филип Кузмановски не ја криеше гордоста по новото одлично издание на македонската репрезентација, овојпат наградено со заслужена победа над селекцијата на Катар.

„Кажав и пред натпреварот со Катар дека одиме на победа. Верував во сите, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да славиме. Сите бевме пожртвувани максимално, горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум радосен за оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Одигравме како тим, изгинавме сите за еден и покажавме единство“, рече капитенот на македонската репрезентација по денешниот триумф.

Македонија настапот на ова СП ќе го заврши в сабота, со дуел против гигантот Франција закажан за 20.30 часот во салата во Вараждин.

Се вчитува...