Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир со кој и официјално ги стартуваше подготовките за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари идната година во Данска, Норвешка и Шведска.
Ждрепката сакаше Македонија да игра во Хернинг против домаќинот Данска, потоа Португалија и Романија.
Своите очекувања од подготовките и од настапот на Европското првенство ги искажа искусниот Филип Кузмановски, кој рече дека Македонија од година во година е поквалитетна и позрела.
„Среќен сум што повторно ќе бидеме дел од репрезентацијата и ќе играме за ЕП, и кога сите играчи се борат за својата држава. Имаме тешка група, но имаме квалитети и адути, со кои ќе се бориме. Одиме чекор по чекор, имаме доволен период за да се подготвиме, имаме тренинзи и пријателски мечеви. Треба да бидеме максимално подготовени за Европското првенство. Оваа репрезентација е позрела од претходните години и секоја година покажуваме квалитет и како треба да се натперваруваме. Македонското првенство направи оваа година играчите да бидат поквалитетни, имаме повеќе дерби мечеви и мислам дека сите играчи кои се во националниот тим имаат главна улога во клубовите и тоа ќе биде предност за нас и за репрезентацијата“, рече Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

