ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари немаат можност да одморат, па веднаш по поразот од Шпанија погледите се насочуваат кон пресметката со Исланд. Директниот дуел со добро познатиот ривал ќе одлучи која репрезентација ќе патува во Келн за мечеви со Германија и Франција, или пак за „Президент купот“, но нашите репрезентативци се решени да стигнат до победата што ќе им го донесе третото место во групата.
„Немаме време за премногу подготовки, но останува да го искористиме периодот пред нас најдобро што знаеме. Овде сме дојдени за да го победиме Исланд и да се пласираме меѓу 12-те најдобри, тоа е нашата цел уште од пред почетокот на првенството и верувам дека ќе успееме да ја оствариме. Против Шпанците одигравме одлично прво полувреме, не ги штедевме силите, но потоа по слабите две минути од вториот дел го загубивме тој натпревар“ – истакна Филип Кузмановски, кој постигна четири погодоци на вчерашниот дуел со „црвената фурија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА