Хановер по пет натпревари пауза конечно успеа да слави во Бундес-лигата, триумфирајќи на домашен терен против Гепинген со 31-25. Меѓу најзаслужните за овој триумф беше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој постигна четири погодоци без ниту едно промашување, најавувајќи влегување во топ-форма по периодот на адаптација во новиот клуб.
Хановер уште во првиот дел го контролираше резултатот, на одмор замина со 14-12, за потоа Кузмановски и соиграчите дополнително да се одлепат и да ја осигураат победата.
Тимот на македонскиот интернационалец со овие бодови се искачи на 11. место на табелата со девет освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА