Кузмановски: Покажавме срце и душа како се игра за Македонија!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Капитенот Филип Кузмановски го одигра мечот на кариерата во националниот тим со 15 гола од 18 обиди во ремито (29-29) против фаворизираната Португалија.

По мечот најдобриот македонски ракометар очекувано среќен и горд пред се на своите соиграчи и на целиот тим кој успеа да го изненади големиот фаворит.

„После Данска навистина верувавме во себе… Знаевме дека имаме квалитет да одиграме против Португалија. Среќен сум и горд сум на целата екипа што 60 минути се боревме за Македонија. Покажавме срце и душа како се игра за Македонија“ – ни изјави по мечот Кузмановски, и дополни:

„Но, овој меч одма мора да го заборавиме. Одиме понатаму. Одиме максимално против Романија. Не знам какви се калкулациите за пласманот понатаму во следната рунда, но знам дека ќе играме како и сега на максимум против Романците за Македонија и целата наша спортск јавност“.

Се вчитува...