Филип Кузмановски експресно ги надмина проблемите со повредата и веќе викендов ќе може да дебитира во новата сезона од Бундес-лигата.
Македонскиот репрезентативец се мачи со болка во тетивата и му беше прогнозирана пауза од најмалку три седмици, но Кузмановски многу побрзо успеа да се рехабилитира и да му се стави на располагање на стручниот штаб на Хановер. Тој веќе одработи неколку тренинзи со екипата и дефинитивно ќе биде во комбинација за претстојниот дуел со Фленсбург, на кој Кузмановски и соиграчите ќе се обидат да го изненадат поранешниот првак.
Враќањето во натпреварувачки ритам на одличниот бек е добра вест и за селекторот Лазаров, со оглед на фактот дека квалификациите за ЕП 2024 ќе стартуваат за еден месец, а Македонија во првите две кола ќе гостува на Турција и на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА