Филип Кузмановски конечно го покажува сиот свој ракометен потенцијал откако македонскиот репрезентативец успеа да врзе неколку одлични средби во дресот на Хановер во Бундес-лигата.
Поранешниот член на Металург, Работник и на Магдебург беше во главна улога на гостувањето против Ерланген на кое неговиот тим ремизираше 21-21. Кузмановски беше непогрешлив при своите обиди, постигна пет гола од исто толку шутеви, а имаше и една асистенција и еден блок.
Во вториот вечерашен натпревар Мартин Томовски со Лудвигсхафен претрпе пораз на домашен терен од Фуксе Берлин со убедливи 23-34. Македонскиот голман мина на теренот 34 минути, период во кој собра седум успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА