Кузмановски реален: Самите сме виновни, мораме да ги решиме нашите проблеми…

Филип Кузмановски не го криеше разочарувањето по поразот во дербито со Вардар, по кој Пелистер сега има три бода заостанување во однос на вечниот ривал.

Капитенот на „пелистерци“ беше брутално искрен по завршувањето на натпреварот, вината за конечниот исход лоцирајќи ја исклучиво во сопствените редови.

„Ни се повторуваат истите грешки. Бевме мотивирани максимално, добро го познаваме противникот, ги победивме мечевите пред стартот на сезоната, како во Суперкупот, тогаш бевме подобро спремни. Вардар не не изненади со ништо, самите сме виновни, треба добро да анализираме и да ги решиме нашите проблеми ако сакаме да се вратиме. Ќе биде психолошки тешко, бидејќи играме против Охрид на домашен терен, а знаеме дека после долги години домашната лига е навистина подобра. Ќе биде потребен фокус, не е лесно д се игра во домашното првенство и во Лигата на шампиони, но имаме добри играчи, одиме понатаму да го оствариме зацртаното“, изјави Кузмановски.

Се вчитува...