Филип Кузмановски го потенцираше големиот број на технички грешки во нападот како главна причина за денешниот пораз од селекцијата на Норвешка.
Бекот на Хановер останува оптимист за подобра игра на наредните два натпревари и пласман во следната мундијалска фаза.
„Не може да победиме ривал како Норвешка кога ќе направиме толку технички како како во првиот дел. Со ништо не бевме изненадени од тактички план, на се бевме подготвени, но самите сме си виновни. Претрпевме пораз со голема разлика, сега мораме да се спремаме за следните два меча. Одиме напред, Норвешка за мене е фаворит за златото, но пред нас се мечевите со Холандија и Аргентина, во кои мораме да влеземе со ладни глави. Имаме уште две шанси за пласман во следната рунда, верувам дека имаме што да покажеме. Ако кон некого сме строги, мора да бидеме кон нас, затоа што ние правиме технички грешки и имаме периоди со пад во играта во која противникот гради разлика“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА