Кузмановски: Се враќаме во Македонија со кренати глави!

ЕКИПА во Берлин, Германија
Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација по победата над Швајцарија од 29-27 со два порази и еден триумф го заврши настапот Европското првенство 2024 во Германија.

Генерално, според очекувањата, ако се знае дека дека Франција и Германија беа огромни фаворити уште пред меѓусебните дуели. Затоа и Филип Кузмановски нагласува дека, кога се ќе се сумира, со кренати глави сега враќаат во Македонија.

„Да бидеме реални, уште пред првенството знаевме дека против домаќинот Германија и олимпискиот шампион Франција немаме големи шанси затоа што јасно е дека имаат поквалитетни репрезентации. А, мислите против Швајцарија секако ни беа на победа. Среќни и задоволни сме што покажавме како треба да играме во иднина. Одличен натпревар одигравме вечерва за подигнување на самодоверба и мотив повеќе за се што не очекува во 2024 година. Најважно за нас е што со кренати глави се враќаме во Македонија, бидејќи остваривме исклучително важен триумф, од психолошки аспект, за иднината на ракометот“ – изјави Кузмановски по триумфот над Швајцарците.

Се вчитува...