Кузмановски: Секогаш е чест и задоволство кога се игра за Македонија

Филип Кузмановски бележи значителен раст во формата откако пред еден месец од Вецлар се врати назад во мак-ракометот и го облече дресот на Е. Пелистер.

Зголемената самодоверба и очигледна во играта на Кузмановски, кој не го криеше задоволството од триумфот над Грција, воедно давајќи и свој коментар за претстојниот настап на ЕП во Германија.

„Среќен сум што сме здрави, со исклучок на Пешевски и Маркоски, со кои денес не ризикувавме. Подготовките во Стара Пазова беа напорни, како тактички, така и физички. Сега сме спремни и покажавме против една добра селекција како Грција. Има некои сегменти кои треба да ги подобриме, утре ќе испробаме уште некои детали кои ги трениравме во овој период. Чест и задоволство е да играте за Македонија. Групата е тешка, но ние одиме до крај. Франција е фаворит за медал, ќе играме против нив на стадион и очекувам многу наши луѓе на трибините. Веруваме во системот на селекторот и тој наш квалитет ќе излезе на виделина“, изјави Филип Кузмановски.

Се вчитува...