Пелистер не успеа во посакуваната желба, синоќа во Загреб да се израдува на првата гостинска победа во Лигата на Шампионите. „Пелистерци“ почнаа одлично, поведоа со 1-5, но потоа следеше голем пад во нивната игра што беше искористено од страна на домаќинот кој на крајот стигна до заслужена победа.
Според капитенот Филип Кузмановски, главна причина за ваквиот исход била добрата форма на голманот на Загреб и неговите брилијантни интервенции во второто полувреме.
„Сите знаат дека во Загреб не е лесно да се игра. Имавме мали проблеми со ротацијата, тоа се почувствува во второто полувреме и Загреб заслужено славеше. Нивниот голман одбрани се во продолжението и со тоа го турна својо тим кон победата“, прокоментира Филип Кузмановски.
Ова воедно беше и последенн европски меч за „пелистерци“ за годинава, македонскиот првак моментно е претпоследен со четири освоени бода.
Во следната рунда закажана за втората половина на февруари битолчани на домашен терен ќе ја пречекаат Висла.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

