Кузмановски со фантастични 17 гола го скрши отпорот на жилавиот Пролет

Филип Кузмановски беше во главна улога на денешниот натпревар меѓу Е. Пелистер и Пролет што актуелниот шампион потешко од очекувањата го доби со 32-29. Македонскиот репрезентативец одигра меч за паметење постигнувајќи 17 погодоци, кршејќи го отпорот на гостите од Скопје кои се покажаа во одлично светло во салата „Боро Чурлевски“ во Скопје.

„Пелистерци“ подобро го отворија натпреварот и поведоа со 5-2 и 7-4. Домаќините дојдоа и до „плус четири“ (10-6), но како што се ближеше крајот на полувремето така Пролет добиваше на сигурност во играта, во ритам влезе капитенот Ласко Андоновски и на одмор се замина со резултат 16-13. Битолчани беа изненадени од отпорот на гостинскиот состав, па Пролет продолжи да ја полни мрежата на шампионот и преку Мајнов и Димковски израмни на 25-25 на десет минути до крајот.

Е. Пелистер сепак имаше повеќе исксутво во клучните моменти, користејќи ги неколкуте досудени седмерци за преку Кузмановски повторно да се одлепи и на крајот да слави со конечните 32-29.

Покрај Кузмановски и неговите 17 погодоци, Радивојевиќ постигна пет, а Петровиќ три гола за Е. Пелистер, додека најефикасни во таборот на Пролет беа Андоновски и Димковски со по шест гола.

Се вчитува...