Кузмановски со гол за победа ја почна авантурата во Магдебург

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски одлично го почна својот престој во Магдебург, откако во пријателскиот меч против Лајпциг го постигна победоносниот погодок.

Натпреварот се играше два пати по 20 минути, а во последните секунди од дуелот Кузмановски го постигна погодокот за конечна победа на Магдебург од 14-13. Следниот меч на кој ќе треба да се докаже нашиот репрезентативец е дуелот против Хутенберг кој е закажан за 23. јули.

 

Се вчитува...