Филип Кузмановски победнички се врати во тимот на Хановер по паузата која ја имаше поради позитивниот тест на коронавирус, кој го доби веднаш по враќањето од Светското првенство во Египет. Кузмановски во својот прв натпревар за бундеслигашот годинава постигна два гола од исто толку шута во победата над Линген од 31-22.
Вториот македонски претствник денеска, Мартин Томовски одигра одличен натпревар во поразот на неговиот Лудвигсхафен од 25-26 од Есен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА