Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, на вечерашниот дуел со ППД Загреб од СЕХА лигата, се пожали на болка во скочниот зглоб и се пресели на клупата. Утре ќе има дополнителни лекарски прегледи по кои ќе се утврди колку е сериозна повредата и колку време ќе биде потребно за санација.
„Тоа е стара повреда што ја влечам подолг период. По лекарските прегледи утре ќе видиме што ќе биде“ – вели Филип Кузмановски.
Младиот бек на Металург и на македонската репрезентација неколку пати имаше непријатни пехови со повредите. Последната беше лани пред СП во Франција кога се здоби со скршеница на дланката и мораше да го пропушти мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА