Кузмановски: Треба да бидеме среќни, горд сум на момците!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Капитенот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски по мечот потенцира дека Македонија имаше успешен настап на ЕП 2026 без разлика дали ќе се продолжи во следниот круг натпревари.

Победата над Романија е зацртување на планот од пред шампионатот, поради што секако треба да бидеме среќни.

„Мораме да бидеме задоволни со победа на Европско првенство. Сакавме секако да победиме повеќе, но како чувствувавме притисок во второто полувреме за поголема разлика и тоа не кочеше. Мислам дека сме поквалитетни за резултатот на крај. Во второто полувреме бркавме разлика за да одиме понатаму. Мислам дека да имавме малку среќа, ќе бевме во групната фаза“ – рече Кузмановски, веднаш дополнувајќи:

„Горд сум на момците, одигравме уште еден натпревар во кој верувавме во себе, и во иднина мислам дека уште повеќе да веруваме и да покажеме за Македонија“.

Дали е можно Португалија да загуби 18 разлика од Данска?

„Да победевме со поголема гол разлика ќе се надевавме, вака останува да уживаме во натпреварот Данска – Португалија. Ќе биде тешко тоа. Во секој случај треба да бидеме среќни сме со победата. Треба да бидеме среќни со настапот на ЕП, зошто Македонија има иднина и треба да продолжиме на овој начин. Благодарност до сите навивачи кои не бодреа“.

Се вчитува...