Со синоќешните средби во Малме финишираа возбудувањата во групната фаза на ЕП 2026, што Македонија за жал и покрај добрите изданија во Хернинг не успеа да ја мине и да се пласира во главната рунда.
Заокружувањето на групите е можност и за статистичка анализа, па така Македонија повторно имаа топ-стрелец во своите редови. Филип Кузмановски, кој одигра меч за паметење во ремито со Португалија, е трет стрелец во групната фаза од ова ЕП. Македонскиот капитен има 28 гола зад своето име, само еден помалку од водечките – Португалецот Кико Кошта и Грузиецот Цховребадзе кои постигнаа по 29 на трите средби во групната фаза.
Зад Кузмановски во ова рангирање остана Скипаготу од Фарските Острови со 27 гола, Матијас Гидсел со 25…
Филип Кузмановски исто така е и најдобар пеналџија во групната фаза. Македонецот има постигнато 12 пенали со уште неколку ракометари, но е единствениот што тоа го сторил без ниту едно единствено промашување (12/12). Рогановиќ и Тен Фелде имаат 12/13 од седум метри, додека Унгарецот Бенсе и Скипаготу промашија по два пенали…
Само потврда дека Кузмановски не само што е лидер на оваа репрезентација, туку и прераснува во играч што остава трага на големите натпреварувања, како што тоа до не така одамна го правеше актуелниот селектор Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

