ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз (36-24) на првиот меч од ЕП 2026, сосема очекуван ако се знае дека за противник го имавме домаќинот, воедно и актуелен светски и олимписки прввак, селекцијата на Данска.
Капитенот Филип Кузмановски по мечот изјави дека мора да бидат поопуштени на следните мечеви.
„Мислам дека во грч го отворивме мечот. Против Португалија и Романија ќе бидеме малку поопуштени. Данска за мене е прв фаворит за освојување на првенството. Наша шанса се Португалија и Романија. Мора да веруваме повеќе во себе и да влеземе без респект во тие мечеви. Имаме многу технички грешки и промашени шутеви, но со време тоа го поправаме. Овие подготовки направивме добра анализа и веруваме дека знаеме од каде доаѓа опасноста на Португалија. Данска беше добар тест за тоа што не очекува против Португалија“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

