Центарот на Црвена звезда, Огнен Кузмиќ, се приклучи на егзодусот од редовите на шампионот на АБА-лигата, комплетирајќи го својот трансфер во редовите на Реал Мадрид. „Кралевите“ повеќе од еден месец се интересираа за овој квалитетен кошаркар, за дури денеска официјално да биде потврдено дека „Реал и Црвена звезда ги договорија сите детали од трансферот на Кузмиќ, кој ќе ги мине следните две години во Мадрид“.
Српскиот интернационалец во просек бележеше по 9,4 поени и седум скокови по нтпревар на триесетте средби во Евролигата минатата сезона. Тој имаше серија на импресивни настапи, па заслужено беше избран за најдобар играч во Евролигата за месец јануари.
Пред Кузмиќ, од редовите на Црвена звезда си заминаа и Симоновиќ (Зенит), Џенкинс (Химки), Јовиќ (Баерн) и Митровиќ (Бамберг).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА