Кузмиќ ќе паузира цела сезона, ги скина лигаментите на коленото

Кошаркарот на Реал Мадрид, Огњен Кузмиќ, ќе ја пропушти целата сезона, откако се потврдија црните прогнози дека тој ги скинал лигаментите на левото колено. Тој на синоќешниот меч против ЦСКА Москва по еден дуел со Отело Хантер се пожали на повреда, и веќе не се врати на теренот.

Денешните детални медицински прегледи потврдија дека Огњен Кузмиќ има сериозна повреда и ќе паузира меѓу шест и девет месеци. Тој ќе ја пропушти целата сезона во дресот на Реал Мадрид, а нема да може да настапи ниту за селекцијата на Србија во квалификациите за Мундобаскет.

 

Се вчитува...