Кузмиќ се пресели од Црвена Звезда во ФМП

Црвена Звезда остана без уште еден кошаркар по Шабаз Нејпир откако од клубот денеска замина искусниот центар Огњен Кузмиќ. Поранешниот репрезентативец на Србија го раскина договорот со „црвено-белите“, но не му требаше долго да најде нов ангажман.

Триесетитригодишникот кариерата ќе ја продолжи во Србија и АБА лигата, но ќе ги брани боите на ФМП, потврди клубот од Железник.

214 сантиметри високиот центар со себе носи и богато искуство за „пантерите“ откако претходно ги бранеше боите и на Голден Стејт Вориорс, Панатинаикос, Реал Мадрид…

Се вчитува...