Руската репрезентативка Полин Кузнецова обајви дека во наредните две сезони ќе го носи дресот на Вардар. Во изјавата објавена на официјалниот сајт на Руската ракометна федерација потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Вардар.
„Потпишав договор со Вардар на две години. Јас веќе подолго време сакам да настапувам во Европа и среќна сум што ќе играм за ваков професионален клуб. Искрено се надевам дека со Вардар ќе стигнам до едно повисоко ниво во мојата кариера“ – изјави руската репрезентативка.
Еден ден по објавата на Кузњецова, трансферот на руската репрезентативка доби официјална поотврда и од раководството на Вардар.
„Среќни сме што вака добра ракометарка од светска класа реши својата кариера да ја продолжи во Вардар. Со Кузнецова повторно ќе имаме брзо и „убиствено“ крило и верувам, заедно ќе ги постигнеме резултатите што ги посакуваме“ – изјави извршниот директор на Вардар,м Давор Стојановски за официјалниот сајт на клубот.
Полина Кузнецова игра на позицијата лево крило која во Вардар стана дефицитарна по заминувањето на Камила Херем и на Тамара Мавсар на крајот од сезоната. На оваа позиција Вардар неодамна ја ангажира и македонската репрезентативка Јована Саздовска.
Кузнецова настапуваше за Кубан Краснодар, но во декември мината година заработе потешка повреда, а по операцијата имаше подолга пауза за рехабилитација. Кузнецова на последните Летни Олимписки Игри во Рио беше прогласена за најдобро лево крило на турнирот. Во својата ризница има и два избора меѓу најдобрите играчи на СП 2007 и ЕП 2012 година. НА ЛОИ во Бразил го освои сребрениот медал, а вицепрвак на Европа беше во 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА