Кошмарот на Хуан Квадрадо откако ветеранот се пресели од Јувентус во Интер продолжува, по најновата тешка повреда што Колумбиецот ја заработи на тренинзите на својот тим.
Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата дека проблемот со тетивата не е нималку наивен и Квадрадо ќе мора да оди на операција за да ја санира повредата, што ќе значи и пауза од три до четири месеци. Неговиот камбек на терените се очекува на почетокот од месец април, па јасно е зошто Симоне Инзаги бара во јануарскиот преоден рок да му биде доведен нов десен бек.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека Дамфрис исто така е повреден, па Инзаги нема премногу простор за маневар. Главна желба е канадскиот репрезентативец Букенен, но Интер ќе има проблем во оваа трка ако се знае дека сериозен интерес покажува европскиот првак Манчестер Сити.
Многу пореална опција е „нероаѕурите“ да позајмат дефанзивец на шест месеци, а како можни засилувања се споменуваат Заноли од Наполи, Мацоки и Салернитана и Белгиецот Муние, кој ја грее клупата во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА