КВАЛИФИКАЦИИ ЕП: Австрија ја освои Шведска, фаворитите без проблеми (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шведска е се подалеку од пласман на ЕВРО 2024 во Германија откако вечерва доживеа шокантен пораз на домашен терен од Австрија од 1-3. Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Грегорич во 53. минута, а само три минути подоцна беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Арнаутовиќ. Арнаутовиќ со својот втор гол постигнат од пенал во 69. минута ја донесе до водство Австрија од 0-3, додека конечните 1-3 беа дело на Холм во 91. минута.

Белгија стигна до рутински триумф на домашен терен против Естонија од 5-0, додека сигурна беше и Шпанија која го совлада Кипар со 6-0.

КВАЛИФИКАЦИИ ЕП: 

Белгија – Естонија 5-0

Израел – Белорусија 1-0

Норвешка – Грузија 2-1

Шпанија – Кипар 6-0

Шведска – Австрија 1-3

Швајцарија – Андора 3-0

Се вчитува...