КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО 2024: Митровиќ ја потопи Литванија, Јасир Асани со еврогол ја урна Полска (ВИДЕО)

По големиот кикс против Унгарија на домашен терен, фудбалската репрезентација на Србија им се врати на победите откако славеше на гостувањето кај Литванија со 1-3.

Србите до брзо водство од 0-3 стигнаа со головите на Александар Митровиќ. Литванците до крајот само постигнаа почесен погодок преку Палаускас за конечни 1-3.

Албанија приреди вистинска сензација откако на домашен терен славеше против Полска со 2-0. Водство од 1-0 за Албанците донесе вардаровото дете Јасир Асани во 37. минута, додека конечните 2-0 беа дело на Даку во 62. минута.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО 2024:

Албанија – Полска

Литанија – Србија 1-3

Р. Ирска – Холандија 1-2

Грција – Гибралтар 5-0

Сан Марино – Словенија 0-4

Се вчитува...