КВАЛИФИКАЦИИ ЛОИ: Бразил ја посрамоти Хрватска, Србија се извлече со Филипини (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Бразил ја посрамоти Хрватска откако ја совлада на домашен терен во Сплит со убедливи 94-67. Селекторот на Бразил, Александар Петровиќ одлично ја постави играта на „кариоките“ против своите сонародници и во ниту еден момент Хрватите не беа достоен противник на мечот. Рафаел Хетшмајер со 20 поени беше најефикасен кај Бразилците, додека кај Хрватска Богдановиќ заврши со 16 поени.

Србија на квалификацискиот турнир во Белград стигна до тешка победа над Филипини со 83-76. Бобан Марјановиќ со 17 поени повторно беше прво име во таборот на Србија, додека кај Филипини Куаме заврши со ист број на поени.

Се вчитува...