КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ: АЕК го замолкна „Максимир“, заврши „бајката“ на Класвик (ВИДЕО)

Динамо Загреб со негатива од еден гол ќе патува на реваншот во Атина, откако вечерва на домашен терен загуби од АЕК со 1-2 во првиот натпревар од двомечот во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

По 45. минута Динамо Загреб имаше предност од 1-0 со евроголот на младиот Булат од слободен удар. На 1-1 израмни Цубер 59. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Галанопулус во 90. минута. Стефан Ристовски беше стартер за Динамо и го одигра целиот меч.

Заврши бајката на шампионот на Фарски остров, Класвик кој во трилер двомеч по продолженија беше елиминиран од Молде. Откако првиот меч фараните го добија со 2-1, по деведесет минути вечерва во Норвешка беше 1-0, но сепак домаќините со голот на Лајнс во 112. минута успеаја да го елиминираат жилавиот противник.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛО: 

АРИС ЛИМАСОЛ – РАКОВ (1-2)  0-1

МАКАБИ ХАИФА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА (2-1) 3-1

МОЛДЕ – КЛАСВИК (1-2) 2-0

СПАРТА ПРАГА – КОПЕНХАГЕН (0-0) 3-3 (ПЕНАЛИ: 2-4)

ДИНАМО ЗАГРЕБ – АЕК 1-2

ГАЛАТАСАРАЈ – ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА (3-0) 1-0

ТСЦ БАЧКА ТОПОЛА – БРАГА (0-3) 1-4

СЕРВЕТЕ – РЕНЏЕРС (1-2)

ШТУРМ ГРАЦ – ПСВ АЈНДХОВЕН (4-1)

МАРСЕЈ – ПАНАТИНАИКОС (0-1)

*Во заграда се резултатите од првите мечеви! 

Се вчитува...