Ријека се наоѓа на чекор до третото квалификациско коло од ЛШ откако хрватскиот првак славеше рутински со 2-0 на домашен терен над ТНС. Велшкиот шампион немаше никакви шанси на стадионот „Рујевица“, а од бројните шанси што ги создадоа домаќините реализираа само две, преку Мишиќ и Матеи. Двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута одиграа по 90 минути за Ријека, а десниот бек Ристовски воедно и беше асистент при вториот погодок, кога по неговото прецизно додавање Матеи немаше тешка задача да ја затресе мрежата на ТНС.
Florin Matei Goal HD – Rijeka (Cro) 2-0 TNS… by RussellLerman
Партизан во екс-ју пресметката го совлада црногорскиот шампион Будуќност со 2-0, со два гола постигнати во второто полувреме. Откако „црно-белите“ се мачеа во првите 45 минути, отпорот на гостите го скрши Ѓурѓевиќ со гол од пенал, пред „резервистот“ Леонардо веднаш по влегувањето во игра да го совлада црногорскиот голман за водство од 2-0.
На останатите средби, Карабах на домашен терен славеше над Самтредија од Грузија со 5-0, додека Салцбург целата работа си ја заврши уште на првата средба на гостински терен, триумфирајќи на Малта над Хибернијанс со 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА