Копенхаген ја елиминираше косовска Дрита, па тоа значи дека доколку Шкендија утре загуби од ФЦСБ во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа ќе игра против тимот од Косово.
Српскиот шампион Црвена звезда успешно ја мина првата пречка во квалификациите за пласман во новата сезона во Лигата на шампионите.
По триумфот пред седум дена во Гибралтар од 0-1, белграѓани вечерва славеа и на домашен терен со 5-1. На овој меч деби за „црвено-белите“ имаше и Марко Арнаутовиќ кој во игра влезе во 73. минута.
Зрињски од кој дел во новата сезона ќе биде и нашиот Дарко Велковски немаше сила да ја анулира негативата од 4-0 од првиот меч против Слован Братислава. Вечерва на домашен терен тие одиграа нерешено 2-2.
Кајрат Алмати славеше со 3-0 и со вкупни 3-2 го елиминираше фински Купс, додека Динамо Киев и во вториот меч беше подобар од Хамрун од Малта (3-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

